Засега нема реакција од страна на ЕУ, Европарламентот, ОН и Грција кои молчат на прашањето на претседателката за 100 години од АБЕЦЕДАР-от на македонски јазик, пренесува Експрес.
Во својот говор на Мечкин Камен претседателката Гордана Сиљановска Давкова го покажа АБЕЦЕДАР-от кој пред точно 100 години во 1925 година го отпечатила Грција а бил наменет за македонските деца во оваа земја.
АБЕЦЕДАР-от бил печатен под притисок на Лигата на народите, претходник на Обединетите Нации откако со специјална комисија било утврдено дека во Грција живее големо македонско население кое говори на македонски јазик различен од грчкиот.
Претседателката @gogamkd за Абецедарот на Македонски јазик кој пред 100 години го издаде Грција 🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/qixYmZHttl
— Мaрга (@MKDProLet) August 3, 2025
Претседателката на Мечкин Камен праша зошто сега никој не го одбележува овој јубилеј кој докажува дека во Грција живееле и се уште живеат Македонци и дека македонската нација не е нова и модерна туку има историска позадина најмалку како и сите други народи во Европа.
„Чудно е, во името на слободата на мислата и нејзиното изразување, да слушате европски пратенички оспорувања на македонскиот идентитет, 100 години по печатењето на АБЕЦЕДАР-от за децата Македонци во Атина во 1925, под притисок на Лигата на народите! Прочитајте го АБЕЦЕДАР-от. Зошто не се слави 100 годишнината од донесувањето на АБЕЦЕДАР-от? Прашувам. Драги сограѓани, неразбирливо е пратеници среде Европскиот парламент, кој за мене е, така ги учам и студентите, школа на европската демократија, да ве квалификуваат како млад народ и млада држава, со модерен јазик и модерен идентитет. Не е 100 години, претходно, многу модерно”, рече Сиљановска Давкова на Мечкин Камен.