Силниот ветер ја урна натстрешницата на болницата „Ребро“ во Загреб, но за среќа нема повредени. Инцидентот можел да заврши трагично, бидејќи само неколку секунди пред уривањето под конструкцијата имало луѓе и возила.
На видеоснимка се гледа дека околу 40 секунди пред падот, под натстрешницата се наоѓале возило со родители и дете, како и возило на Брза помош. Откако тие се оддалечиле, натстрешницата целосно се урнала.
Хрватските медиуми објавуваат дека невремето предизвикало штети и на други локации низ Загреб. На гробиштата Мирогој, силниот ветер откорнал дрвја и оштетил повеќе гробови.
Засега нема информации за повредени лица, а службите ги проценуваат штетите од невремето.
