Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова ја одби секоја можност за разговори тет а тет кои ги најавува вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

Тој и други членови на владата се надеваа дека така на средби насамо може да ги убедат пратениците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставни измени

,,Ние, пратениците од опозицијата, не сме во љубовен однос со министрите за да разговараме насамо”, вели Силјановска во интервју за За или Против на Алфа и со тоа го уништи планот на власта на средби очи во очи да вршат притисок врз опозицијата.

Видеото со Силјановска на овој линк

https://fb.watch/ndkZhcL8A6/?mibextid=Nif5oz