Не стивнуваат коментарите по фотографијата на Христијан Мицкоски и Гордана Јанкулоска. Членството на ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од пошироката маса народ го поздрави овој потег, но со реакција се јавија од Алијанса за Албанците кои го обвинуваат Мицкоски.

„Денеска, повеќе од кога било, се виде вистинското лице на Христијан Мицкоски и неговите политички партнери. Средбата и објавувањето на фотографијата со Гордана Јанкулоска го легализираат и рехабилитираат политичкиот и институционалниот криминал како политичка жртва. Алијанса за Албанците најостро го осудува обидот на Мицкоски и ДПМНЕ за амнестија и рехабилитација на криминалци кои во моментов издржуваат затворски казни“, реагира Алијанса за Албанците по денешната фотографија со Јанкулоска.

На ова, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат Алијанса за Албанците да не глуми спаринг партнер.

„Алијансата за Албанците иако е небитна како ланскиот снег, целосно губејќи го својот идентитет и претопувајќи се во ДУИ и делувајќи како нивен спаринг партнер, само ќе ја прашаме до каде е случајот со двете куќи едната на Арбен Таравари, другата на министерот Фатмир Меџити, дадени по багателна цена, од страна на пратеникот на ДУИ Јахоски, кој е сопственик на Пуцко Петрол?