Тој на денешниот митинг ги потенцираше приоритетите кои ќе ги реализира во својот мандат за Дебарца да стане пристојно место за живот и општина со перспектива.

– Главен предизвик во мојата работа ќе биде носење на инвеститори за отворање на работни места, инвеститори за фабрика за преработка на компир. Максимално искористување на земјоделските потенцијали и отворање на пунктови и за продажба на земјоделски производи, како и директно субвенционирање на земјоделците од општината, но и хуманитарен фонд за социјално загрозени и лица со посебни потреби, рече Силјановски.

Тој додаде дека во неговиот мандат ќе реализира бројни инфраструктурни проекти, но и мини пазар на магистралниот пат Охрид – Скопје, како фудбалски клуб и враќање на манифестацијата „Црешобер”.

– Чиста општина, и еко производи ќе бидат приоритет, како и вложување во енергетика. Канализациони мрежи за селата Велмеј и Требеништа, во функција на браната во село Слатино, асфалтирање на патот од Ботун со манастирот Света Богородица, ова се дел од проектите позади кои стојам и ќе ги реализирам, изјави Силјановски.

Тој нагласи дека СДСМ пред 4 години ветуваа живот, но општина Дебарца стана место каде младите не ја гледаат својата иднина, земјоделците не ја гледаат својата егзинстенција, а Дебарца е место кое нема перспектива.

– Наместо развој, Дебарца стана место на поединци кои си ги остваруваат своите лични интереси. Доаѓа време на промени кои ќе се случат на 17 октомври, промени кои носат иднина, економија и подобар живот за граѓаните. Општина Дебарца ќе биде општина на сите граѓани. Ќе подадеме рака на секој граѓанин, за Дебарца да биде пристојно место за сите генерации. Ова е битка во која општината ќе ја вратиме на вистинскиот пат, пат кон успехот, потенцираше Силјановски.