Попладнево, силно неврме ја погоди Битола. Граѓаните пријавуваат штети, улиците се под вода, а веднаш се јави и градоначалникот кој итно го свика кризниот штаб.

Веднаш со коментар се јави градоначалникот кој итно го свика кризниот штаб, а многу од критиките беа насочени кон него заради, како што велат граѓаните, неисчистените шахти.

Во продолжение може да забележите повеќе од видеото.

 

„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“, рече Коњановски.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имало и во Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.