Силно невреме ја зафати Словенија. Делови од земјава останале без електирчна енергија, голем дел од продавниците биле поплавени, паднал и град со големина на јајце, објави „24ур“. Невремето претходно го зафатило и крајбрежјето.
Информативниот центар за сообраќај предупреди дека има одрони на одредени делници од улиците на подрачјето меѓу Сеча и Изола и меѓу Драгоња и Копер. Метеоинфо Словенија предупреди на внимателност.