Српскиот контровезен политичар Срѓан Ного објави ново видео со информации за убиството на Вања и Панче. Во објава на платформата Јутуб тој презентираше детали од истрагата кои засега не ѝ се познати на македонската јавност. Останува прашањето дали станува збор само за теории на заговор или пак ова е вистинската разврска на целиот настан. Важно е да се напомене дека Србинот нема цврсти докази, а голем дел се само претпоставки.

Според своите информации и претпоставки Ного во видео подолго од 1 час дава повеќе заклучоци:

Таткото на Вања го открил убиството, а не полицијата

Ного вели дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски бил од угледна фамилија, а на негово име имал имот во вредност од половина милион евра за што напомена дека имал три стана. Оттука, за него е нелогичен аргументот дека тој би изнудил убиство за финансиски мотиви. Категорично ги отфрли наодите за тоа дека таткото бил пијаница, коцкар или зависник од дрога.

Немало изнуда, станува збор за класично убиство

Целта била класично убиство, а не изнуда како што соопшти Министерството за внатрешни работи

Потенцијална жртва била и помалата сестра

Ного вели дека „среќа“ било тоа што помалата сестра тој ден немала прв час бидејќи можно е и таа да била егзекутирана. Убијците пред зградата чекале да се појави и помалата сестра на Вања.

Мајката на Вања најпрво се јавила во болница

Во видеото на Србинот тој вели дека мајката на Вања најпрво се јавила во болница дали таму е нејзината ќерка, но оттаму таа била препратена во полиција.

Планирана е егзекуција на Ѓорчевски додека е во затвор

Тој е претставен како убиец, па оттука се појавува и препоставката на Србинот дека планирана егзекуција додека тој се наоѓа во затвор.

Објавена нова снимка од возилото на Панче Жежовски

Во видеото на неговиот Јутуб канал Ного објави и досега необјавени видео материјали. Таму јасно може да се види возилото „цитроен“ пред зградата на Вања. Објавена е и снимка од последниот ден на Панче Жежовски на бензинска пумпа во Велес.

Срѓан Ного е српски теоретичар на заговор кој не верува во 5Г, голем приврзаник на Путин, човек кој често има проблем со законот заради јавни настапи и шири различни теории на заговор.