Двојните стандарди во ФФМ одново излегуваат на повидок. Погребан е Вардар, нема македонско знаме, играч на Вардар е погоден со тврд предмет, а за истото нема соодветна реакција од делегатите на мечот, ниту пак од судиите.
Дербито од претходното коло, не го одбележа триумфот на Шкендија против Вардар туку националистичкото навивање и дивеењето на „Балистите“, навивачите на Шкеднија.
Скандалозно е тоа што Балистите го „погребаа“ Вардар во ковчег, а притоа судиите и делегатот останаа слепи и не реагираа на срамниот потег.
View this post on Instagram
Се огласија од гостинскиот тим Вардар од каде преку соопштение обвини дека навивачите фрлале тврди предмети кон гостинските фудбалери, а притоа обвини и за националистички испади на домаќините.
Останува да видиме дали ќе има реакција од официјалните лица на натпреварот.