Фудбалската селекција на Србија со први бод на Европското првенство во Германија, откако во балканското дерби со Словенија се спаси од пораз во 95 минута.
Двете селекции сакаа брзо да дојдат до водство, но по десеттата минута Словенија доминираше на теренот. Србија се разбуди и заигра поофанзивно преку Влаховиќ кој се избори за позиција да шутира со глава, но Облак беше на вистинското место.
Србите се соочија со најголемата закана во 37. минута кога Елшник биеше, но ја погоди стативата, а шанска не искорити ниту Шешко. Акција имаше и пред голот на Словенците, откако Митровиќ прво одлично се загради и ја прими топката во срцето на казнениот простор на Словенија, но биеше слабо.
Второто полувреме започна со шансата на Митровиќ, но не успеа да го совлада Облак. Во 64. минута Пикси се реши да внесе нови сили на теренот и во игра влегоа Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Лука Јовиќ. Прво дозволи Карничник лесно да го помине и да развие брз контра напад, а во продолжение на акцијата не го следеше движењето на словенечкиот бек, кој се уфрли од втор план и ја стресе противничката мрежа и го отвори резултатот со 1-0.
Се играше 95. минута, кога Србија изведуваше корнер, а и Рајковиќ се појави во казнениот простор на Словенија. Илиќ испрати незгоден центаршут кој помина низ многу глави, но Јовиќ се најде на вистинско место и со прекрасен удар со глава погоди за 1-1.
Во рамки од оваа група од 18:00 часот играат Англија и Данска.