По којзнае кој пат Димитар Ковачевски е предмет на потсмев во регионални рамки. Народот сѐ уште го нема заборавено понижувањето што Еди Рама минатата година му го направи на Ковачевски на средбата во Тирана нарекувајќи ја Македонија „западна Бугарија“, а денес сме сведоци на нов потсмев, овој пат од страна на кандидатот за претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Во она што треба да биде видео обраќање со поддршка на кандидатурата на Ѓукановиќ, претседателот на СДСМ во еден момент го кажува целото име на неговата партија, но во преводот на видеото, црногорците го употребуваат името – Социјалдемократски сојуз на Cеверна Македонија.