Новинарот Фуркан Салиу ја соочи директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова со огромни суми кои таа ги добивала како директорка и доктор.
Според тоа што се слуша на видеото Софијановаа добивала над 3000 евра месечно од клиниката а огромен дел одтоа се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа.
Кога Салију и ги подава документите издадени од Клиниката што ја води таа му се заканува
Притоа таа признава дека се работи за оригинални документи од клиниката и бара новинарот да и ги даде имињатана тие што ги откриле документите за медиумот.
Според видеото Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата.
Видеото завршува со закана од Софијанова дека ќе се јави некаде од каде Салиу треба да биде дисциплиниран.