Соња Петровска е долгогодишна пациентка на Клиника Жан Митрев која по реткиот синдром со живото-загрозувачката состојба и 5 многу сложени операции денес повторно живее нормален и активен живот. Тимот доктори од Клиника Жан предводени од д-р Жан Митрев, со примена на современи оперативни методи, кај Петровска го прават скоро невозможното – преправање на сите дотоци на крв до сите органи, аортен корен, лак на аорта и 3 стента по должината на целата аорта.
Петровска во Клиника Жан Митрев првпат се јавува во 2009 година со aкутна аортна Станфорд А дисекција. Тоа е најургентната состојба во медицината кога и минутите одлучуваат дали ќе преживее или не. Со ваква дијагноза смртноста достигнува и до 95% доколку не се реагира соодветно и навремено.
По приемот во Клиника Жан Митрев, кај Соња е направена итна операција при што е заменета асцендентната аорта со албографт протеза и направена е реконструкција на аортната валвула. По овој зафат Соња се враќа на секојдневните активности.
Сериозноста на состојбата на Соња произлегува од реткиот но опасен Марфан синдром кој што се карактеризира со дефект во сврзното ткиво. И најголемиот крвен сад во телото – аортата која се протега од срцето се до долните екстремитети е целосно променет, има слабост на ѕидот и при малку покачен крвен притисок или дестабилизација на организмот претрпува промени, се проширува, се формира аневризма, а на најслабите места и дисецира т.е се расцепува, наједноставно кажано.
Кога болниот дел се заменува со протеза пациентот натаму нормално функционира, но кај Соња со тек на време се изменил и останатиот дел од аортата под вградената протеза. Се формирала аневризма и дисекција, која што овој пат ги загрозува со исхемија висцералните органи, пред сѐ бубрезите.
Заради ваквата состојба на Петровска, во 2020 година се прави замена на аортната валвула со механичка протеза и елефант трунк процедура, при која дел од протезата се спушта во торакалниот дел од аортата и се создава простор за замена на торако-абдоминалниот дел од аортата. Истата година кај Петровска е поставен првиот ТЕВАР кој што се надоврзува на пуштената протеза од елефант трунк процедурата. При еден ваков комплексен зафат, каде преку периферен крвен сад се прави имплантација на протеза за аортата, учествуваат комбиниран тим составен од кардиохирург, интервентен радиолог и кардиолог. Брзо потоа следи уште еден ТЕВАР, но сепак останува еден дел од аортата кој е болен и кој повремено и прави болки и тегоби на Соња и каде е невозможно да се стави тевар заради опасност од затворање на крвните садови.
Затоа во ноември 2022 се прави нова операција кај Соња, премостување на големите абдоминални крвни садови кон бубрезите, црниот дроб, цревата и останатите органи во стомачната празнина. По ова се отвора можноста за премостување и на последниот дел од нејзината аорта со трет ТЕВАР направен во ноември 2022 година. Кај Петровска направена е реконструкција на аортата по целата должина.
Соња Петровска заедно со своето семејство веруваше на тимот на Клиниката Жан Митрев и во д-р Митрев и храбро се бореше сите овие години без да се потклекне на предизвиците. Соња е пример дека докторската експертиза со модерен комбиниран пристап и негата од областа на кардиохирургијата спасуваат животи.