Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Инстаграм профил објави дека денеска ја слави крштевката на неговата внука. Со две фотографии тој го одбележа овој настан и напиша дека „семејството е најважниот темел и основа на секој човек“.

Денес на овој ден го славиме воведот во светата тајна, кршетение на мојата внука Ана. Посакувам радост и среќен живот со мојата сестра и зет. Семејството е најважниот темел и основа на секој човек., напиша Мицкоски