Вицепремиерот и министер за Транспорт, Александар Николоскипотсети дека неговата партија го поддржала актуелниот градоначалник во вториот круг на изборите во 2021 година, но, како што рече, соработката завршила за многу кратко време.

„Актуелниот градоначалник на Карпош го поддрживме во вториот круг на изборите во 2021, но една од причините зошто после неколку месеци ги прекинавме односите е барањето да поддржиме 40 детални урбанистички планови со бетонизација. Се спротивставивме и тоа беше крај. Сигурен сум дека и карпошани ќе се спротивстават и ќе победиме уште во првиот круг“, изјави Николоски.

Тој порача дека сите навреди кон него и кон ВМРО-ДПМНЕ се „гнев и фрустрација, и зборуваат за слабост“, додавајќи дека е убеден оти граѓаните на Карпош „ќе излезат референдумски“ зад кандидатот на неговата партија.