Во прилог е целиот говор:

-Министерката Мила Царовска, сосила ги укинува учебниците и им ги одзема учебниците од раце и на наставниците и на учениците. И гордо изјавува: ,,Ако не сакате детето да ви учи електронски, сами инспринтајте си го учебникот”.Министерке, Ве потсетуваме дека повеќе од 25.000 деца не’ посетуваат настава, немаат струја во домовите, а компјутери уште помалку. А вие ја најавувате дигитализацијата. Министерке, зошто спроведувате скапи експерименти врз децата?Современо образование не се гради на ваков начин, со укинување на учебници особено со печатените, тоа го нема ниту во една Европска држава. А министерката продолжува со нејзините експерименти.Ви упатуваме јасна порака, престанете со овие реформи во образованието, оставете ги печатените учебници, кои се темелот на образованието. А уште повеќе вратете ги учениците со физичко присуство во училиштата, тоа е повеќе од потребно. Квалитетно образование се прави само на ваков начин, а не да спроведувате експерименти. Ги повикуваме сите уценици да продолжат со бојкот на наставата и сите родители да го подржат бојкотот се до конечна промена на одлуката за само дигитални учебници.