Претставник на парламентарна партија од Србија на својот мобилен телефон гледал филмови за возрасни додека во српскиот Парламент се расправало за европскиот план за Косово, пишува Блиц.
Видеото се шири на социјалните мрежи. Блиц вели дека најверојатно се работи за претставник од редовите на Социјалистичката партија на Србија, но неговиот идентитет се уште не е 100 отсто потврден. Нова.рс пишува дека се работи за пратеникот Звонимир Стевиќ.
Дебатата за Косово во Народното собрание се одржа во четврток и петок на 3 и 4 февруари.