На вчерашната дебата меѓу пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски тема на разговор беше автопатот Кичево – Охрид. Тој ги поби лагите на министерот и денеска со видео од терен јасно покажа дека властите лажат за тоа дека пробиен е цел автопат.
„Директно од терен – доказ за лагите на власта.
На лице место од мостот над селото Попоец, трасата од Другово до Извор, кој ниту е завршен ниту трасата е целосно пробиена како што во текот на нашиот дуел ме убедуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Потребни се предвремени избори што е можно побрзо, за да ги промениме овие неспособни луѓе од власта кои шеста година не можат да завршат еден автопат кој им беше оставен реализиран скоро 50%.
Доста е за лаги и манипулации, време е за работа и проекти !, вели Стојаноски.
Погледнете го видеото: