Грција се соочува со сериозни последици од бурата Бајрон, која предизвика парализа на поголемиот дел од земјата, додека девет региони, вклучувајќи ја и Атика, се ставени под официјално предупредување за екстремни услови. Поплави, лизгања на земјиште и прекини на сообраќај се пријавуваат уште од раните утрински часови, а метеоролозите предупредуваат дека невремето ќе продолжи до сабота со ризик од град и ветрови со ураганска сила.

СЦЕНИ ОД БИБЛИСКА КАТАСТРОФА

На островот Закинтос, водата навлезе длабоко во патиштата и во обработливото земјиште, што доведе до целосно прекинување на сообраќајот меѓу Закинтос и Аликес. Во селото Литакија ситуацијата е дополнително влошена: земјиштето се лизга во насока на куќите, а жителите се повикани да не излегуваат од домовите ако не е неопходно.

Во Гитео, со особен фокус на селото Платанос, беше испратено итно предупредување поради наглото надоаѓање на водата. Поплавени се куќи, уништени се полиња и автомобили, а низ улиците пловат мртви животни.

  • „Сцени од библиска катастрофа, целата населба беше под вода за неколку часа“, изјавија мештаните за Прототема.

Многу жители се засолниле на покривите во обид да се спасат, а земјоделците велат дека приземјата на куќите се исполнети со вода до таванот. Поплавата однела земјоделски машини, добиток и возила. Најранливите, најчесто постари лица, чекаат евакуација со чамци.

Стотици домаќинства останаа без електрична енергија и мобилна мрежа. Наставата е прекината во училиштата на Родос, Тира, Тилос, Сими и Кастелоризо.

 

Без електрична енергија и мобилна мрежа останаа стотици домаќинства. Наставата е прекината во училиштата на Родос, Тира, Тилос, Сими и Кастелоризо. Националната метеоролошка служба предупредува дека дождовите и бурата ќе продолжат до сабота, со ризик од град и ветрови со ураганска сила.