Шест автомобили и еден стан се ставени под привремена судска мерка во постапката против Александар Лазаров, познат како Цуната од Кочани. Имотот е одземен откако полицијата и Обвинителството обезбедиле докази што упатуваат на сомнение дека е стекнат со пари од криминални активности.
Акцијата ја спровело Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со Основното јавно обвинителство Кочани. По претходно преземени мерки, истражителите утврдиле дека Лазаров располага со значителен движен и недвижен имот чие потекло се проверува.
Покрај сомнението за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, доказите отвориле и прашање за начинот на кој бил стекнат имотот. Врз основа на доставениот материјал, Основниот суд во Кочани определил привремени мерки за обезбедување.
Со судската одлука се опфатени шест патнички возила и еден стан. Меѓу одземените автомобили се „порше“, „фолксваген“, „ауди“, „бмв“, „пасат“ и едно теренско возило.
Од ОВР Кочани најавуваат дека истрагата продолжува и дека ќе се преземаат дополнителни активности за целосно да се утврди потеклото на имотот и дали тој бил стекнат на законски начин.
View this post on Instagram
