Засега приведени се 26 лица, но списокот допрва ќе се проширува. Ова го соопшти министерот Панче Тошковски на денешната прес-конференција.

Тошковски: Приведени седум полициски началници и службеници за издавање лиценца на дискотеката „Пулс“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти нови детали во врска со апсењето на седум полициски началници и службеници од Штип и Кочани, поврзани со издавањето на лиценцата за работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Уште седум полициски началаници и службеници уапсени поради незаконската лиценца на „Пулс“

  • „Со потпишување документи и одобрување позитивна согласност, му овозможиле на кабарето да добие дозвола за работа, иако не исполнувало услови.“ – изјави Тошковски.

Министерот потенцираше дека осомничените предизвикале значителна опасност за луѓето и имотот. Со тоа му овозможиле на локалот да работи во супстандарни услови.

ПОЧНАА АПСЕЊАТА: Дискотеката во Кочани работела на црно, имала само еден влез и прозорци со решетки, без излези за евакуација и без противпожарна опрема

Тошковски посочи дека осомничените изготвиле лажна документација со која констатирале дека објектот ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот.

  • „Одобриле и потпишале известување до Министерството за економија, во кое лажно се наведува дека кабарето ги исполнува законските услови, без да биде извршена реална проверка. Изработиле телеграма во која не навеле точни и целосни податоци, иако имало пријави за нарушен јавен ред и мир во близина на кабарето.“ – додаде министерот.

Истражната постапка се проширува

Министерот информираше дека моментално се опфатени 26 лица во истрагата, но дека оваа бројка не е конечна.

„Досега осомничени се 26 лица, но списокот не е затворен. Огромен број на луѓе е вклучен во истрагата.“

Според Тошковски, за 18 лица веќе е определена мерка притвор. Седуммина ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Видеото може да го погледнете во продолжение

Министерот денеска повторно одржа прес-конференција каде ги соопшти овие детали.

Дополнително, уште едно лице, кое во моментов е на раководна позиција во Министерството за економија, е опфатено со истрагата.

Истражните органи продолжуваат со работата, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни развои во случајот. Извор: МВР