Автопатот Кичево-Охрид се придвижува – целта е 2026 година
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, во своето гостување во подкастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, изјави дека со новото раководство и со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, градежната офанзива добила забрзување, особено кај автопатот Кичево-Охрид.
„Со моето назначување на директор и со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се прават големи напори за да тој пат биде што побрзо пуштен, се надеваме дека крајот на 2026 година тој пат ќе го пуштиме во употреба. Во изминатите шест месеци интензивно работиме на придвижување на работите на овој патен правец“, рече Трајановски.
Според него, проблемот во минатото бил недоволната координација помеѓу изведувачите и надзорот, што довело до застој во изградбата. Тој вели дека неговото и присуството на тимот од Јавното претпријатие за државни патишта на терен направиле сериозна разлика.
„Ние, доста сме ангажирани како јавно претпријатие со оглед на тоа што немало координација и доволно присуство од јавното претпријатие. Според мое мислење и според мислењето на луѓето коишто работат со мене, немало доволна координација меѓу надзорот и изведувачот. Мислам дека со нашето присуство и со мое лично, скоро секоја недела сум таму на состаноци, сето тоа го дотеравме во ред, и мислам дека резултатите веќе се гледаат и на терен. Се гледа кога одите за Охрид дека има многу механизација, многу луѓе и на главниот пат и на пристапните патишта“, објасни Трајановски.
Тој заедно со вицепремиерот и министер Николоски работат со полна пареа. Во продолжение погледнете како изгледаат работните активности.
„Со ВМРО-ДПМНЕ се гради – проекти, не зборови“
Трајановски тврди дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски и ресорниот министер за транспорт и врски, во рок од само шест месеци, веќе има пуштено во употреба два значајни патни правци. За него, тоа е конкретен доказ дека довербата на граѓаните се оправдува со дела, а не со празни ветувања.
„За во рок од шест месеци, оваа Влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски, на чело со министерот за транспорт и врски, успеавме да завршиме и да ги пуштиме во употреба два патни правци којшто се многу значајни. Јас можам да кажам дека кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, во тој случај се гледа дека нешто се гради во Македонија и оставаме трага позади себе на готови проекти. Затоа сме ние дојдени на власт и затоа сме на власт – за да на граѓаните коишто ни ја дале довербата да ја оправдаме таа доверба, ама да ја оправдаме со дела, со проекти, не со зборување. И тоа мислам дека веќе го правиме, затоа што не се случило за првите шест месеци да некој пушти два патни правци коишто се многу значајни“, изјави Трајановски.