Соопштението од СДСМ го пренесуваме во продолжение:
Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија.
За прв пат, после седум години постојан раст, сведоци сме на пад на просечната плата кај нас – намалена е за 1.000 денари, рече на прес-конференција, Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар. Или за 1.000 денари помалку од платата во месец јуни кога изнесуваше 41.939 денари.
Ова не е само статистика. Ова намалување на просечната плата ги одразува погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од една страна и претставува удар врз стандардот на граѓаните од друга страна.
Пад од 1.000 денари значи помалку пари во џебот на народот, помалку пари за храна на трпезите, помалку можности, намален квалитет на живот, понизок стандард.