Првата пролетна седница на српскиот парламент веднаш по почетокот се претвори во целосен хаос, бидејќи пратениците од опозицијата внесоа факели во салата, кои во еден момент ги запалија. Беа запалени неколку факели, а во салата не се гледаше ништо, додека пратениците се гушеа од чадот.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ едвај зборуваше, држејќи шамиче до устата, повикувајќи ги пратениците од опозицијата да седнат на своите места и да продолжи работата.

За неколку моменти беа фрлени шишиња и кон пратениците од опозицијата. Тие на насилството одговорија со развиорување на српски знамиња.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ од говорницата изјави и дека на пратеничката Јасмина Обрадовиќ и се слошило и дека итната помош интервенирала откако била изнесена од салата.

– Таа е во критична состојба, имаше мозочен удар и се бори за живот. Таа е во смртна опасност бидејќи ја погоди шок-бомбa – изјави Брнабиќ.

Станува збор за пратеничка од листата на Александар Вучиќ. Родена е 1961 година и дипломирала економски науки. Пратеничка е од 2012 година. Инцидентот се случи откако беше усвоен дневниот ред и министрите почнаа да влегуваат во салата.

Опозициските пратеници запалија црвени и црни димни бомби и раширија транспарент на кого пишува „Србија стана за режимот да падне“.

Пратениците од владејачката партија извикуваа „Усташи“ и вееја српски знамиња. Тие фрлаа со шишиња со вода, при што една пратеничка е погодена во глава.

ЦЕЛОСЕН ХАОС ВО СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
ЦЕЛОСЕН ХАОС ВО СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

На дневниот ред на седницата беа 62 точки, меѓу кои измени на Законот за високо образование, предлог-законот за станбени кредити за младите и гласање за разрешување на претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ.

Ваквите тензии следуваат по многуте студентски протести.

(ВИДЕО) Студентите во Србија продолжуваат со протести: Најавена прошетка од Белград до Нови Сад

Овие протести се дел од пошироките демонстрации против корупцијата и наводната негрижа на властите. Се започна по трагедијата во Нови Сад. Протестите веќе доведоа до Оставка на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад.