На бројните божиќни и новогодишни честитки им се придружи и онаа на Противпожарната бригада на Загреб.

Пожарникарите на Фејсбук објавија кратко видео снимено од воздух кое прикажува божиуќнои дрво направено од противпожарни возила.

„Нека нашето божиќно дрво ви донесе радост во овие денови, ви посакува од се срве среќен Божиќ и мирна, безбедна и успешна Нова година“, стои во објавата.

Видеото за неколку часа собра повеќе од 1200 лајкови и бројни позитивни коментари.