Фудбалерите на Вардар ја прославија шампионската титула со победата над Шкендија 3:0. За црвено-црните ова е 12-та титула во клупската историја и прва по пауза од шест години.

Вардар до победата над Шкендија дојде со авто голот на Ајетовиќ во 20-та минута, Закариќ во 36-та и Николов во 80-та минута. Шкендија можеше да вмесе неизвесност во натпреварот, меѓутоа Талески во 70-та минута два пати му одбрани пенал на Љатифи.

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, му го врачи трофејот на Вардар за шампион на Македонија по дерби-победата со Шкендија.

По натпреварот, тој се огласи со честитка за новиот шампион и му посака среќа во настапот во европските купови.

„Честитки до Вардар за заслужено освоената шампионска титула и за сè што прикажаа оваа сезона. Им посакувам многу успех во европските предизвици и нови големи моменти за клубот и навивачите.“, изјави Омерагиќ преку официјалното гласило на социјалните мрежи.

Вардар во новата сезона ќе игра во квалификациите во Лигата на шампионите, додека Шкендија, која заврши на второто место ќе настапи во квалификациите во Конференциската лига.