Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски преку видео-објава сподели дека летниковците коишто биле поставени на трим патеката од Ајватовци до Бучинци биле украдени, а еден од нив бил пронајден среде нива закачен за приколка.

„Мораме да ги чуваме јавните добра. Општината сите инвестиции ги реализира со пари од граѓаните и мора да го чуваме заедничкото. За жал, дел од урбаната упрема која ја поставуваме, а се работи за летниковците поставени на трим патеката од Ајватовци до Бучинци, е украдена за што е пријавено во полиција“, вели градоначалникот.

Георгиевски апелира до граѓаните да ги чуваат јавните добра и да ги пријавуваат сите оштетувања и оштетувачи.