Мерка притвор во траење од 30 дена определи Кривичниот совет од Основниот кривичен суд Скопје доцна синоќа за дел од членовите на криминалната група осомничена дека подолго време тргува со оружје и дрога. Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување на мерка притвор за 14 лица, а на еден осомничен поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор.

Како што вчера информираа од Обвинителството по големата акција на специјалците, под истрага за неовластена трговија со дрога и оружје се 18 лица.

Тие, робата ја набавувале од Албанија и Косово, а ја криеле во Сингелиќ и Арачиново. Двајца од осомничените се сопственик и управител на стрелиште и нелегално продавале муниција набавена за потребите на стрелиштето.