Кога се резервира сместување за патнички или туристички престој однапред, но и на самото место, најважно е местото да е чисто и уредно, но и да нема скриени камери во собите…

Корисничка на Твитер по име Џоана Фокс открива што доживеала со своја пријателка, во врска со резервирањето сместување на познатата платформа „Ер-БНБ“. Проследено со повеќе слики и видеа, жената објасни дека неодамна престојувале во стан каде што на крајот пронашле 10 скриени камери, дури и кај тушевите.

-Неодамна преку ‘Ер-БНБ’ отседнавме во Филаделфија и најдовме барем 10 скриени камери низ целата куќа. Вклучително и кај тушевите и во спалните соби, вели Џоана, продолжувајќи –Некои беа маскирани како системи за прскање, но забележавме објектив за камера. Тие беа ставени во места со идеален поглед кон луѓето. Иако за среќа – тоа беше женска дружба, јас бев гола. Морав да се пресоблечам во мојата соба.

Девојките никогаш не го запознале сопственикот, но кога се обидувале да му се јават, дури и по пристигнувањето, не можеле да го добијат на телефон.

-Одговори само преку порака. Никогаш не дознавме како изгледа, звучи и дали е машко или женско, пишува Џоана.

Таа повикала и полиција на местото, заради пријава, но ни тие не реагирале. Исто така, „Ер-БНБ“ не им понудиле враќање на парите, туку само ново сместување.

-За среќа, ги забележавме камерите и излеговме од таму. Но, немаме поим какви снимки има сопственикот и што прави со нив. Ни требаат одговори, истакна Џоана.

Корисниците се сложија дека ова е нешто што може да му се случи на секого.