Белградски Партизан ја информираше јавноста дека „Штарк арената“ е распродадена за третиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата. Оние кои имаа сезонски билети не мораа да се грижат, но оние кои немаа, а сакаа да го гледаат овој меч од четвртфиналето на плеј-офот против Реал Мадрид, мораа да имаат голема среќа.

„Километарски“ редици ги пречекаа работниците на касата кога таа се отвори утринава, а набрзо на неа се појави и знакот „распродадено“. Наводно, голем број луѓе кои неколку часа чекале пред „Арената“ биле изненадени од количеството билети што се продавале на лице место, а кои не ги задоволувале потребите на сите што чекале.

Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение.

View this post on Instagram

 

A post shared by Mozzart Sport (@mozzartsport)