На настанот Заев рече дека во Валандово во овие четири години се работело вредно, посветено и одговорно, со силна поддршка од локалната власт.

– Тој континуитет мора да се одржи во следните четири години. Таа силна динамика мора да продолжи. Затоа Перо Костадинов и неговите проекти во Програмата се нашата најдобра понуда. А меѓу проектите предвидени за следните четири години е и проектот Валандово – паметен град. Инсталација на клауд-системи за паметно осветлување, поставување на смарт-клупи (паметни клупи) во урбаните зони, бесплатни wi-fi зони на повеќе локации во Општината, се дел од проектот „Валандово – паметен град“, истакна Заев.

Ова е проект на иднината, проект за развој на Валандово и унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани од овој град.

– Затоа на 17 октомври гласаме за Перо Костадинов и советничката листа на СДСМ, гласаме за број 12 за да продолжи напредокот, заклучи Заев.