Утрово во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ гостуваше новата претседателка на партијата ЛДП, Моника Зајкова. Со Златев и Боцевски таа дискустираше на актуелните теми поврзани со политичката партија ЛДП, промените и идните планови на партијата, но и одлуките како рамен данок и тековните дискусии во Собранието.

Во утринската емисија на Радио Лидер таа се осврна и на враќањето на Ристо Пенов во политиката, а таа даде пофални зборови кон него велејќи дека е искусен кадар и еден од ретките политичари кои немаат негативен багаж зад себе.

Политиката не е резервирана само за поединци кои никогаш не биле во истата. Треба да ја цениме младоста, искуството, а тоа е еден спој кој може да даде многу добар резултат, рече Зајкова.

Таа вели дека Ристо Пенов е еден од ретките политичари кои немаат негативен багаж зад себе.

Тој е еден од градоначалниците кој обезбеди повеќе пари за Град Скопје и е носител на процесот на децентрализација, заклучи Зајкова.

Повеќе може да погледнете од видеото во продожение:

Според Зајкова, Пенов може да направи позитивни промени во локалната самоуправа. Таа додаде дека заради ЛДП е укинат рамниот данок и дека имаат улога за многу прашања иако во јавноста не доволно познати и пошироката јавност знае за ангажманот на ЛДП.