Денес, поддршката од мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа е многу важна за Украина. На средбата со претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, разговаравме за потребата да се зголеми вниманието на ОБСЕ за кршењето на човековите права на привремено окупираните територии на Украина. Тоа се многу важни работи за нас, објави украинскиот претседател Владимир Зеленски по денешната средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Благодарен сум на Владата и народот на Северна Македонија за хуманитарната и одбранбената поддршка на Украина од самиот почеток на целосната руска инвазија“, рече Зеленски.