Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, на денот кога Европа го слави Денот на победата над нацизмот, објави црно-бело видео снимено во разурнатиот град Бородјанка, во непосредна близина на Киев, што беше целосно уништен во руската инвазија.
Во драматичното видео, Зеленски повлекува паралели меѓу борбата на Украина против руската инвазија и борбата против фашизмот и нацизмот во Втората светска војна и вели: „Никогаш повеќе? Обидете се да ѝ кажете на Украина“.
In a video released by Zelensky in Borodyanka for May 8, Ukraine’s Day of Remembrance & Reconciliation, he asks, “never again? Try telling Ukraine that.” He draws comparisons between Ukraine fight against Russia to WW2 fight against fascism. Air raid sirens sounded as he posted. pic.twitter.com/J8qOzzWuOA
— Christopher Miller (@ChristopherJM) May 8, 2022