Утрово е регистриран силен земјотрес во Мјанмар. Јачината на потресот, според Рихтеровата скала, изнесува 7,7 степени. Информациите се потврдени од Американскиот геолошки институт.

Епицентарот бил лоциран на 17,2 километри од градот Мандалеј. Овој град брои околу 1,2 милиони жители.

Силниот земјотрес бил почувствуван и во соседен Тајланд. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки кои покажуваат паника во Бангкок.

На снимките се гледаат жители кои брзо ги напуштаат зградите. Некои снимки покажуваат оштетени објекти. Исто така се гледа и вода која се прелева од базените поради потресот.

Кинескиот центар за сеизмолошка мрежа (ЦЕНЦ) измерил магнитуда од 7,9 степени според Рихтеровата скала. Ова го објави новинската агенција Ксинхуа.

Истовремено, ЦЕНЦ известува дека потресите биле почувствувани и во кинеската провинција Јунан.

Досега нема официјални информации за евентуални човечки жртви или материјална штета по силниот земјотрес во Мјанмар

Дополнително отежнување на состојбата е моменталната граѓанска војна во државата.