За време на поворката за принцот Филип која се движеше кон дворецот Виндзор се појави непозната жена и протестираше за спас на планетата. Нејзиниот перформанс накратко ја наруши достоинствената атмосфера на последното испраќање на војводата од Единбург.

Британските медиуми пишуваат дека жената гласно протестирала за време на едноминутниот молк за членовите на кралското семејство.

Веста за смртта на принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст, секако, длабоко го шокираше британското кралско семејство, но и пошироката јавност, на која не му беше дозволено да присуствува на погребот поради епидемиолошки мерки.