Со поранешниот пратеник и претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов денеска разговаравме на повеќе тема, а една од нив беше и дали ќе дојде до промена на Уставот заради влез на Бугарите и дали власта ќе успее да обезбеди двотретинско мнозинство.

Според Пандов не смее да дојде до промена на Уставот бидејќи во ваква ситуација ние сме потчинета страна во договорот со Бугарија, а пред нас како услов е ставено бришење на македонската историја.

– Ние сме потчинета страна во договорот со Бугарија, ние сме нападната страна, а се бара од нас отстапки кои не може да се бараат од овој народ. Пред нас како услов е ставено бришење на македонската историја и прифаќање на нивната историја, вели Пандов.

Според Пандов доколку прифатиме се што бара Бугарија ќе излезе дека ние сме народ од 1945 година, па наваму.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот во ваква ситуација. Јас одговорно тврдам дека со овој пратенички состав нема да дојде до промена на Уставот, завршува Пандов.