Припадници на српската Жандармерија со автобуси пристигнале во зградите на Собранието на Србија и Стариот двор во Белград, додека полициското присуство во центарот на градот е засилено. Специјални полициски сили се распоредени и пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), објави „Нова.рс“.
Во центарот на Белград биле забележани и возила наменети за разбивање демонстрации, а на автопатот била забележана колона полициски комбиња. Засилените безбедносни мерки се спроведуваат на денот на предвремените парламентарни избори во Србија.
Право на глас на изборите имаат 6.451.292 граѓани, а гласањето се одвива на 8.392 избирачки места. Тие се отворени од 7 до 20 часот.
Во текот на изборниот ден биле регистрирани повеќе инциденти. Според „Нова.рс“, возилата што денеска се појавиле на улиците во Белград граѓаните првпат ги виделе за време на летните протести во Нови Сад во 2025 година. Тогаш биле користени за потиснување на демонстрантите од булеварите и пошироките улици, а во нив се наоѓале припадници на Жандармеријата.
Во меѓувреме, во Пионирскиот парк повторно се поставуваат шатори и придружни инсталации. Паркот и натаму е ограден, а на местото е присутна и полицијата, објави „Нова.рс“.
Veliki broj vozila žandarmerije doveo je pripadnike ove jedinice u punoj opremi za razbijanje demonstracije u ranije ograđen prostor ispred Republičke izborne komisije koji gleda na Pionirski park. U ovom delu isključeno je ulična rasveta. https://t.co/l8T3Y2mQmF
— Mašina (@MasinaRS) October 25, 2026
