Новинарот и директор на неделникот „Капитал“, Љупчо Зиков утрово беше гостин на емисијата „Утринско еспресо на Радио Лидер“.
Зиков: Со критиките овој пат претеруваме
Зиков смета дека темата е важна, со критиките овој пат според него се претерува. Додава дека ова веќе го има низ целиот свет
Со пеналитетот… Темата е убава, вежна, а менталитетот ни е балкански се да примаме со резерва. Мора да се побуниме пред да сфатиме што е што. Јас мислам дека со критиките претеруваме овој пат. Целиот концепт на казни е едно освежување. Ова е производ на технолигијата во светот. Ова ќе се усовршува наредните години. Секаде каде што одиме по метрополи светски постои овој корпус на казни, рече Зиков.
Сподели примери од Америка.
Повеќе пати можам да сведочам за Америка. Во Америка вие повеќе од 40 километри на час во град не возите. Таму колите лазат. Се застанува се стои колку треба. И никој не свири. Ова е едно општо смирување на јавноста.
Зиков сподели личен пример од утрово: Мерката веќе има ефект
Еве утрово кога се качив во кола јас возев цело време 40. Полека. Вчера не добив казна дека не се качив во кола. Голем дел од автомобилите полека возеа утрово, заклучува Зиков и вели дека со ова се виделе дека веќе мерката има ефект за смирување на јавноста.
Погледнете ја целата емисија:
