Понзатиот македонски театарски и филмски и телевизиски глумец, Зоран Љутков утрово е гостин на емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“. Со актерот којшто е и политички активен како претседател на Советот на Општина Велес се зборуваше на повеќе актелни теми од областа на културата.

Една од темите беше и емисијата „Бистра вода“ за која зборувавме на нашата емисија пред извесно време и со Симоен Мони Дамевски.

Мене што ме фасцинира околу оваа серија е сценариото, започна Љутков и објасни детали околу серијата.

Тој се осврна и на финансирањето, па потенцираше дека оваа станува збор за серија која нема добиено владини пари.

Она што е многу важно е дека оваа серија нема добиено ниту еден денар добиено од Владата, подвлече Љутков.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио Лидер (@lider107.4fm)

Од серијата може да се направи и стрип, тоа се многу приказни споени на едно место продолжи да објаснува

Важното е што ова се 12 филма над 50 минути, снимени со многу добра камера и одлична екипа. Алфа ТВ е прва која има вложено многу пари во домашна продукција, рече велешкиот актер.

Целото гостување на Зоран Љутков во Радио Лидер може да го погледнете ТУКА.