Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше Европската унија на годишнината од унгарското антисоветско востание во 1956 година во понеделникот, споредувајќи го членството на Унгарија во Европската унија со повеќе од четири децении советска окупација на неговата земја.
Виктор Орбан ја обвини ЕУ дека сака да и го одземе идентитетот на Унгарија со наметнување на модел на либерална демократија што, како што рече, Унгарците го отфрлаат.
„Моравме да танцуваме на мелодијата што ја исвирка Москва. И Брисел свирка, но ние играме како сакаме, а ако не сакаме, тогаш не танцуваме“, изјави унгарскиот премиер пред насобраната толпа во Весезпрем.