Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Израел.

Тој се сретна со својот израелски колега, а потоа и со премиерот на таа земја, при што истакна дека Франција го поддржува Израел. Истовремено, тој ги предупреди за ризиците од регионален конфликт.

Макрон побара од Нетанјаху да престане да ја користи струјата како оружје и болниците да добијат струја.

За време на средбата, израелскиот претседател му се закани на Либан доколку, како што рече Хезболах, ги вовлече во војна.