Вишиот управен суд ја потврди одлуката околу жалбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, отфрлајќи ја како неоснована. На седница одржана на 6 ноември 2025 година, судот донесе решение со кое се потврдува претходното одлука на Управниот суд, кој го отфрли предлогот на Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025.

Упатството, што го донесе Агенцијата, има за цел да го појасни начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, како и обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес.

Вишиот управен суд оценил дека претходното решение на Управниот суд е правилно и законито и дека со него не е повреден законот на штета на политичката партија Левица.

Со ова, како и со претходните решенија на Управниот суд и Основниот граѓански суд, се потврдува дека Агенцијата постапува согласно законските прописи и ги спроведува своите обврски професионално.