Во Штип, ако во 2017 година бројот на пријавени бил 122, на овие избори до комисијата пристигнале 145 барања.
Во Брегалничкиот регион рекордер е Делчево со 306, а најмалку има во Карбинци 17.
Во општините од југоисточниот регион според бројките очигледно е дека во руралните општини има поголем интерес за гласање дома. Во Ново Село има 390, а во најголемата општина во овој регион Струмица има помалку или 332 избирачи. Рекорден број на пријавени има и во општините во Кичевскиот регион. Но, колку од болните и немоќни лица ги исполнуваат условите да гласаат ден пред отварањето на избирачките места ќе се знае деновиве, откако комисиите со лекари специјалисти ќе ги разгледаат сите пристигнати барања.
Избирачите кои се позитивни на коронавирусот или се во изолација за гласање во сабота можат да се пријават до утре на полноќ. Од бројот на пријавени ќе се знае и колку тима ќе се формираат со лекари, кои според посебни здравствени протоколи ќе ги посетат дома. Доверливиот материјал се уште не е пристигнат, а на овие избори со гласачките ливчиња пристигнуваат и апаратите за отисок на прст.