Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција на почетокот на февруари надмина 50.000.
Ова го изјави директорот на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби, Јунус Сезер.
Тој во обраќањето пред турскиот парламент прецизираше дека загинале 50.096 лица, а повредени се 107.204 лица, пренесува РИА Новости.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погодија јужна Турција на 6 февруари.