Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, на вечерашниот централен митинг во Скопје истакна е евидентно за тоа дека постојат „тајни спреги“ кај нивните противници.
-Сосема е евидентно дека имаме една тајна спрега, коалиција која се спрема во кујните на нашите противници. Постојат две коалиции, две коалиции надвор од видливото, рече Мицкоски.
Тој прецизираше дека првата коалиција е меѓу ДУИ и Левица.
-Сега е кристално јасно зошто тие извадија свои кандидати во општини каде што немаат теоретски шанси да победат. Всушност, само го покажаа своето вистинско лице – се на отворен пазар и на услуга на Али и на ДУИ, посочи Мицкоски.