Поранешниот пратеник, заменик министер за финансии и бизнисмен Зоран Витанов, татко на три деца кои минуваат низ образовниот систем во Македонија, е револтиран од актуелните случувања во образованието.

Како татко на 3 деца кои се ученици во македонскиот образовен систем, сакам да им порачам на сите кои на било кој начин имаат врска со актуелната власт, да бегат подалеку од мене во секаква смисла на зборот за нивно добро! Како родител, ЈАС СУМ ДОЛЖЕН да си ги заштитеам своите деца од секакво штетно влијание, а според ова што го читам, во моите 50 години никогаш не сум се соочил со толкаво штетно влијание кон моите деца како актуелните узурпатори на Република Македонија воопшто, не само на образовниот систем!!! ЕсДеЕс- овци, до толку ли сте ОВЦИ и ќе молчите и за ова?! Ви деца имате ли бе робови? Ќе бекнете ли бе мутави?!?!

Вчера владата ја усвои информацијата за потребата да се формира Совет за унапредување на образованието и науката по предлог на Министерството за образование и наука. Советот ќе овозможи подобрување на квалитетот на образованието и науката, оптимизација во образованието, зајакнување на системите на евалуација и оценување, реформирање на наставните програми со нивна поголема насоченост кон резултатите од учење, подобра ориентираноста на програмите за стручно образование и обука кон потребите на пазарот на трудот, како и програмите во високото образование да ги отсликуваат потребите на пазарот на трудот.

Со работата на Советот ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими и Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука.