Унгарската авиокомпанија „Виз ер“ ги откажа сите летови до и од Тел Авив. Тоа не е првата авиокомпанија која направи ваков потег.

„Поради ситуацијата во Израел, ги откажавме сите летови до и од Тел Авив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на „Виз ер“.

Како што јавија американските медиуми, „Јунајтед ерлајнс“, „Американ ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ објавија дека привремено ги прекинале летовите од и до меѓународниот аеродром во Тел Авив.

Летовите ги откажаа и „Ер Франс“ и нискобуџетната компанија на „Трансавија груп“ Ер Франс – КЛМ соопшти дека во наредниот период ги откажува сите летови од Париз и Лион до Тел Авив.

Летовите за Тел Авив ги откажаа и германската авиокомпанија Луфтханза и „Брусел ерлајнс“, дел од авиогрупата.