Албанскиот опозициски фронт го обвини вицепремиерот, Артан Груби, дека зоната Визбегово ја претворил во „скопски Лас Вегас“. Според политичките партии Демократско движење, Беса и Алтернатива, тие тврдат дека Груби оваа зона ја претворил во центар за сомнителни деловни активности. Опозициските партии тврдат дека тоа е затоа што веруваат дека наскоро Лотаријата, за која тврдат дека е под контрола на поединци блиски до Груби, ќе биде преместена во Визбегово. Понатаму тврдат дека за оваа намена од државниот буџет се издвоени солидна сума од 2,6 милиони евра.
Лотаријата на Северна Македонија потпиша договор за користење на просторот токму тука во зоната Визбегово каде што сме денеска и тука во овој дел на градот ќе работи во наредните 10 години. За таа цел од буџетот се веќе издвоени 2,6 милиони евра. Всушност, зградата и просторот околу неа во април годинава ја купи компанијата „Хеј дооел“, основана во февруари годинава на чело со Армин Машовиќ, поранешен партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“ за кого медиумите информираа дека е близок со семејството на Али Ахмети. Значи, Лотаријата на Северна Македонија ќе биде позиционирана покрај патот Скопје-Блаце, каде што веќе функционираат неколку казина, чиј број од ден на ден се зголемува. Индустриската зона Визбегово најверојатно ќе се трансформира во Лас Вегас, а овој план го спроведуваат Артан Груби и ДУИ“, вели Висар Ганиу, Опозициски фронт.
Извор: Алсат