-Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800, а трета доза примиле 5.666 граѓани. Од популацијата над 40-годишна возраст ревакцинирани се 54 отсто, а 33 проценти од лицата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина, велат од МЗ.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од жителите примила две дози вакцина.